Охрид, 17. мај 2022 (ИНПРЕС) – Деновиве ќе се распише тендер за избор на фирма што ќе го врши запрашувањето против комарци на територијата на општина Охрид, информираат за Супер радио и InPress од локалната самоуправа.
Запрашувањето против комарци ќе се спроведува од земја, а изминатите години тоа го вршеше Центарот за јавно здравје.
Покрај постапката што е надлежност на општината, треба да има и друго запрашување, што го врши министерството за транспорт и врски во соработка со министерството за здравство.
Од општината најавија дека ќе биде распишан и тендер за спроведување на системска дератизација.
Во повеќе градови низ Македонија веќе се спроведува прскањето против комарци, па граѓаните аплираат истото, колку е можно поскоро, да се направи и кај нас. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива