Промовиран вториот роман „Заследи ме“ на охриѓанецот Јордан Коцевски

Промовиран вториот роман „Заследи ме“ на охриѓанецот Јордан Коцевски

Охрид, 15. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Промовиран романот „Заследи ме“ на охриѓанецот Јордан Коцевски, во издание на „ПНВ Публикации“.

Новиот ракопис на Јордан уште со самиот наслов нуди чувство на интрига и мистерија, истакна промоторот Мерсиха Исмајлоска.

Можно е да е слика од 5 луѓе, седнати луѓе и внатре

– Значаен и потребен е насловот, тој упатува на прво ниво на популарната мрежа Инстаграм, но и на опсесивно следење кое доведува до можни трагични последици на второ ниво. Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи, можеби тој однос е двонасочен. Често аватарите од социјалните мрежи се проекции на совршеното лице кое е недостижно. Трагајќи по некое лажно совршенство на аватарот, неговиот лик, како што е во случајот неговата сопственичка, се фаќа во мрежата на проекцијата нејзина и на нејзините следбеници. Марина, главниот лик, позната инфлуенсерка, ќе се најде во ситуација во која ќе мора да ги преиспита своите вредности и вредностите што ги пропагира, додава Исмајлоска.

Разликата во стилот помеѓу првиот роман на Коцевски, „Тегли“ и овој. Во „Заследи ме“ има многу повеќе дијалози кои се долги и детални и многу умешно изведени.

Можно е да е слика од 1 лице

Авторот Коцевски изразии задоволство од текот на промоцијата и интересот кај читателската публика.

– Многу сум задоволен од текот на промоцијата и тоа што некои работи низ разговорите за прв пат ги споделив со јавноста, односно присутните на промоцијата. Искрено бев изненаден од бројноста на присутните, и мило ми е што имам таква поддршка и читателска публика во Охрид. Тие го направија настанот да ми биде уште подраг, вели Коцевски.

Книгата „Заследи ме“ е во издание на „ПНВ Публикации“, а за утре е најавена промоција и во МКЦ во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Јордан Коцевски