Денеска ќе се прска против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите

Денеска ќе се прска против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите

Охрид, 16. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Денеска ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.

Одлуката е донесена согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината.

– Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 часот во четврток до 06:00 часот во петок. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информираат од Општина Охрид.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива