Во Охрид ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро

Во Охрид ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро

Охрид, 17. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Во организација на Едриличарската федерација на Република Македонија, а со поддршка на општина Охрид, со пригодна програма ќе се одбележи 21-ви јуни, Денот на Охридското Езеро.

В понеделник, во малата општинска сала од 12:00 часот ќе се одржи панел- дискусија „Запознај го едрењето – заштити го езерото “, проект на Едриличарска федерација на Македонија, поддржан од Европската Унија. Панелсити ќе бидат градоначалникот Кирил Пецаков, преставник на ЕУ мисијата во Република Македонија, Будимир Соколовиќ – претседател на Едриличарската федерација на Република Македонија, Даниел Богнер –експерт за заштитени подрачја, претставник од Хидробиолошки завод – Охрид и Горан Устијаноски – капетан на Капетанија на пристаништата на Република Македонија.

Нивото на Охридското Езеро се доближува до просекот за април

Во вторник од 10:00 часот на градското пристаниште ќе има флотила, одред од мали воени бродови што дејствуваат во реки, езера или покрај брег на море. Вечерта од 19:00 часот во црквата „Св.Софија“ солистички концерт ќе одржи пијанистот Александар Јаковлев. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес