Во понеделник теристичка дезинсекција против комарци во општина Дебрца, да се превземат мерки за заштита на на пчелите

Во понеделник теристичка дезинсекција против комарци во општина Дебрца, да се превземат мерки за заштита на на пчелите

Белчишта, 17. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Екипи на Центарот за јавно здравје од Охрид, во понеделник, на 20-ти јуни 2022 година, ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците на подрачјето на општина Дебрца.

– Се известуваат жителите на општината дека запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите, информираат организаторите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања телефон за контакт во Центар за јавно здравје во Охрид е 046/231-030.

извор: ИнПрес фото: архива