„Рибарите“ се засилуваат со три нови играчи

„Рибарите“ се засилуваат со три нови играчи

Охрид, 20. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Екипата на ГФК Охрид по тешката борба за опстанок во Втората Македонска Лига е на заслужен одмор.

Додека играчите одмараат, управата со полна пареа се подоготвува за новата сезона. Преговори се вршат со нови играчи и со досегашните за продолжување на соработката.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и надвор

„Рибарите“ се засилуваат со нови три играчи. Дресот на Охрид следната сезона ќе го носат Дарко Размоски – крилен напаѓач, Хадис Таири-лев бек репрезентативец до 18 години и Мирлинд Даути-среден играч.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што спортуваат и трева

Со дел од досегашните играчи соработката продолжува, а четворица играчи, Игор Клечакароски, Саше Шопоски, Марко Стојчески и Ромео Кочоски не ја продолжија соработката. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива