Младата каратистка Мартина Петреска, иако без медал, имаше успешен настап на Европско првенство во Чешка

Младата каратистка Мартина Петреска, иако без медал, имаше успешен настап на Европско првенство во Чешка

Охрид, 20. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Младата и надежна каратистка од Охрид, Мартина Петреска  викендов учествуваше на Европско првенство во Прага, Чешка, каде ги бранеше боите на Македонија во категорија кадетки до 54 килограми.

Петреска ја победила натпреварувачката од Шкотска, но потоа загубила од каратистка од Финска. Сепак малата разлика не успела да ја повлече во репасаж во борбата за медал.

Нема достапен опис

– Сепак ова е само почеток и одиме напред со ветување дека во Охрид ќе донесеме медал од големите натпреварувања како Европско и Светско првенство, вели нејзиниот тренер Дејан Чолески.

Настапот на Петреска во Прага е значаен бидејќи по цели 12 години Охрид имаше свој претставник на Европско карате првенство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива