Викендов ќе се одржи меѓународниот таеквондо натпревар „Охрид Опен 2022” во организација на „ХВА РАНГ ИТФ“

Викендов ќе се одржи меѓународниот таеквондо натпревар „Охрид Опен 2022” во организација на „ХВА РАНГ ИТФ“

Охрид, 22. јуни 2022 (ИНПРЕС) – В сабота, 25-ти јуни ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2022“, во организација на клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец.

На натпреварот учество имаат пријавено клубови од 8 земји и тоа Словенија, Хрватска,БиХ, Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.

Сите наши подржувачи ќе имаат можност да ги гледаат во живо европските вицешампиони Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив, вели Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан, претседател на ИТФ Македонија, како и прв човек и тренер на клубот „ХВА РАНГ ИТФ“.

Нема достапен опис

– Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на ИТФ, електронско судење, со можност за видео протест, пренос во живо на YouTube, задолжен за судискиот систем е Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација. Благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН Метал”, како и до општина Охрид кои ни помагаат сé што е во рамките на нивните можности, истакна Лазаревски.

Нема достапен опис

Натпреварот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори“, а за сите љубители, влезот ќе биде бесплатен за да имаат можност да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива