Охрид, 22. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е под месечниот просек.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,64 м.н.в, што е за 3 сантиметри под просекот за мај (693,67 м.н.в), односно 54 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 22 степени.
Во однос на минатата недела, кога го достигна просекот за овој период, сега се бележи намалување на водостојот за три сантиметри.
Во Охрид денеска сончево и топло време со умерена локална облачност. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.
– Денес и утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Во петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР