Димовски: Бараме од сите пратеници да дадат поддршка, не на ССМ, туку на работникот

Димовски: Бараме од сите пратеници да дадат поддршка, не на ССМ, туку на работникот

Скопје, 22. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Вработените во јавната администрацијата од денеска се во штрајк, откако барањата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за линеарно покачување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари не беше исполнето.

Цела Македонија штрајкува во јавниот сектор. ССМ бара поддршка од народните избраници за поднесениот амандман, 2.806 денари за сите работници веднаш, односно од 1-ви јули, истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

– Тие пари се неопходни со сé ова што се случува, двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза, покачување на цената на струјата. Бараме од сите пратеници, од сите партии да дадат поддршка, не на ССМ туку на работникот со прифаќање на амандманот.Доколу и ова не се случи штрајкот ќе стане Дамаклов меч на сите јавни функционери и политичари. Сите кои нема да нé поддржат, наше легитимно право е од нив да побараме оставка. Ние сме ги избрале за да ги чуваат и унапредуваат нашите права, сега кога ни е најпотребно. Работникот денес се бори за егзистенција, потенцира Димовски.

Додаде дека се чувствиват излажани и изманипулирани. Во однос на притисоци, имало еден случај што се разрешил, а во некои места веќе се потпишувале и спогодби за покачување на платите.

Најави дека утре штрајкот, освен на работните места, ќе продолжи пред Владата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива