Охрид, 22. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Деновиве на плажата „Бафало“ кај мостот на каналот Студенчишта се поставува сцена, на која во следниов месец ќе се одржуваат обуки и работилници за балет.
Организатор е балетското школо Bullfrogs од Скопје, а активностите се во рамкина нивната програма „Култура под небото“.
Од општина Охрид за Супер радио и InPress информираа дека ваквите настани се во насока на збогатување на културно уметничката понуда за деца во градот.
Обуките и работолниците ќе бидат наменети за деца од 4-18 години, а како кулминација на настанот кон средината на следниот месец ќе се одржи балетска претстава. Дел од „Култура под небото“ може да бидат и сите граѓани и посетители на Охрид.
Ваков настан деновиве се одржа во Паркот на Франкофонијата во Скопје. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес