Охрид, 23. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Во Охрид денеска сончево време со променлива облачност и во западните делови со засилен северозападен ветер.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.
– Утре во западните делови ќе дува засилен западен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес