Утре ќе се одржи петтиот Конгес на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН

Утре ќе се одржи петтиот Конгрес на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН

Охрид, 24. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Утре во големата сала на општина Охрид, од 11:00 часот, ќе се одржи 5-от (изборен) Конгрес на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН.

Свое обраќање ќе има досегашниот претседател на ПОЕН, д-р Рубин Земон, кој ќе даде осврт на ставовите, политиките и досегашното работење на партијата.

-Низ конструктивна дебата се очекува да бидат усогласени новите програмски приоритети на ПОЕН, како и да се избере ново раководство на партијата, информираат од партијата.

Ќе присуствуваат поголем број од раководствата на партиите коалициони партнери на ПОЕН, како и од другите партии. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива