Два случаи на закани и физички напад во Охрид

Два случаи на закани и физички напад во Охрид

Охрид, 27. јуни 2022 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот Е.З. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

– Тој, на 5-ти мај 2022 година, на приватен имот кај „Св. Еразмо“, физички го нападнал лицето С.М. од Охрид, а потоа со остар предмет му упатил закани, информираат од СВР Охрид.

Во друг случај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишниот В.Б. од Охрид, кој на 7-ми јуни 2022 година со тврд предмет упатил закани по животот на Д.Б. од Охрид.

извор: СВР Охрид фото: архива