Она кога комшијата ќе Ви се качи на глава… буквално (Видео)

Она кога комшијата ќе Ви се качи на глава… буквално (Видео)

Струга, 29. јуни 2022 (ИНПРЕС) – На социјалните мрежи утрово се појави, најблаго кажано, неверојатно видео од настан за кој се тврди дека се случил во Струга.

Најверојатно незадоволен од настрешницата која ја направиле соседите, на видеото се гледа човек, кој без никаква заштита излегува од прозорецот и буквално скока врз настрешницата, на височина од десетина и повеќе метри.

Само среќата придонесе, овој немил настан да заврши без повредени лица.

Погледнете.

извор: ИнПрес фото/видео: ФБ