Охридскиот театар вечер гостува на фестивалот „Гола месечина“

Охридскиот театар вечерва гостува на фестивалот „Гола месечина“

Охрид, 30. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Охридскиот народен театар вечерва гостува на 9-то издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина”.

Ќе ја изведат претставата „Енергични луѓе“ во режија на Александар Иваноски.

Фестивалот е во организација на Театар комедија од Скопје и трае од 25-ти до 30-ти јуни. Охридскиот театар всушност го затвора фестивалот на комедија каде учествуваат уште 3 други театри од Македонија и 2 театри од соседството, Бугарија и Србија.

Актерите од охридскиот театар работат и на нова претстава, чија премиера ќе биде наскоро. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива