Охрид, 30. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Откако неодамна беше извршено обележување на паркинг места на дел од улицата „Македонски просветители“, наспроти СВР Охрид, синоќа беа поставени и информативните табли за зонско паркирање на овој потег.
Ова доаѓа по одлуката на Советот на Општина Охрид да биде воведено зонско паркирање, согласно одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид за степенот на ограничување на зонско паркирање.
Од ЈП „Билјанини извори“ неодамна за Супер радио и Inpress информираа дека овој дел ќе спаѓа во зона Б, односно ќе се наплаќаат по 30 денари за час.
Полицијата и одделението за издавање документи привлекуваат огромен број луѓе во овој дел на градот, особено во текот на летните месеци, кои имаат потреба од вадење и обновување документи и слични услуги. Тоа прави огромна гужва на паркинзите пред околните згради, а оваа одлука само се очекува да го продлабочи тој проблем, кој е најизразен во претпладневните и попладневните часови.
извор: ИнПрес фото: ИнПрес