Левица: Охридските села брз вода во 21. век

Левица: Охридските села без вода во 21. век

Охрид, 30. јуни 2022 (ИНПРЕС) – Жителите на селото Долно Лакочереј, секое лето, години наназад, скоро и да немаат вода, ни за пиење, ни за одржување лична хигиена, реагираат од Локалнот огранок на партијата Левица.

Според нивните информации, порано во селото имало селски водовод кој го отстапиле на ЈП „Водовод“ со цел да добијат поквалитетна услуга, со оглед на тоа што редовно си ги подмируваат сметките за потрошена вода кон ЈП „Водовод“ – Охрид. Но, состојбата оттогаш станала уште полоша од претходно.

– Жителите на селото Долно Лакочереј, многу пати се обратиле до ЈП „Водовод“ со поплаки, но оттаму им било кажано дека проблемот кој го имаат настанал поради голем број диви приклучоци со кои се наводнувале нивите. На сите ни е јасно дека постојат диви приклучоци со кои се нанесуваат загуби на ЈП „Водовод“, но за тоа најмалку се виновни жителите на охридските села, туку единствени виновници се неспособните раководства во ЈП „Водовод“, години наназад. Жителите на селото Долно Лакочереј бараат конечно да им се обезбеди вода за пиење и за нормално одржување на хигиена во летниот период во нивните домаќинства, во спротивно со протести ќе бараат сами да стопанисуваат со селскиот водоводот и ќе престанат да ги плаќаат сметките што ги добиваат од ЈП „Водовод“. Истиот проблем го имаат и жителите на селото Лескоец, во Курајчко маало, каде стотина домаќинства остануваат речиси без вода во летниот период, стои во дописот до медиумите.

извор: ИнПрес фото: архива