Охрид, 1. јули 2022 (ИНПРЕС) – Од денес стартува продажбата на сезонскиот билет за новата ракометна натпреварувачка сезона 2022/2023 година.
Сезонскиот билет овозможува влез на сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија (вклучувајќи и плеј оф натпревари) и сите елиминациски домашни натпревари од Куп натпреварувањето во Македонија (невклучувајќи организација на Ф4 натпревари)
– Секој заинтересиран за купување на сезонскиот билет да се обрати по порака на ФБ профилот и Инстаграм профилот на ГРК Охрид или на бројот 078/249-499, информираат од клубот.
Цената на сезонскиот билет е 1.200 денари со подарок дрес од ГРК Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива