Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за дожд попладне и температура до 32. степени

Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за дожд попладне и температура до 32. степени

Охрид, 2. јули 2022 (ИНПРЕС) – Во Охрид денеска претпладне сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за појава на невреме со град.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Продолжува периодот на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се чувствува дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. Поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер, информираат од УХМР.

извор: УХМР фото: ИнПрес