162 санкции за непрописно престигнување, од нив 27 на територија на СВР Охрид

162 санкции за непрописно престигнување, од нив 27 на територија на СВР Охрид

Охрид, 2. јули 2022 (ИНПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 1. јули 2022 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија.

– При тоа се санкционирани 162 возачи. Од нив, 61 на територијата на СВР Тетово, 27 на територија на СВР Охрид, 21 возач непрописно престигнувал на територијата на СВР Куманово… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.

извор: МВР фото: архива