Официјално отворање на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“

Официјално отворање на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“

Охрид, 4. јули 2022 (ИНПРЕС) – Денеска официјално ќе биде отворен градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“.

Неодамна заврши неговата реконструкција, санирани и исфарбани се коритата на олимпискиот и детскиот базен, а уредени се и трибините кои беа во распаѓање.

– Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади. Ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца. Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови, рече градоначалникот Кирил Пецаков.
Месецов на базенот ќе се одржат две натпреварувања, едно Државно првенство и еден Меѓународен митинг, на кој ќе учествуваат пливачи од Србија, Бугарија, Албанија, Косово.

Веќе од утре тајните на пливањето таму ќе ги усовршуваат децата запишани во летната пливачкла школа на клубот „Акваспирит“. Тренерот Славчо Цветкоски во интервјуто за Супер радио и InPress истакна дека интересот е голем, потсетувајќи дека за да се стане успешен пливач мора да се има основни услови за континуирана работа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива