Отворен градскиот базен „Атина Бојаџи“, засега околу 300 деца ќе ги изучуваат и усовршуваат тајните на пливањето

Охрид, 4. јули 2022 (ИНПРЕС) – Свечено пуштен во употреба реновираниот градски пливачки базен „Атина Бојаџи“.

На свеченоста беа присутни голем број деца, кои со своите родители беа дојдени да се запишат во летните пливачки школи, што ќе се реализираат до крајот на август.

Досега околу 300 деца пројавиле интерес за посета на школите, едни ќе учат да пливаат, а друг дел ќе ги усовршуваат техниките.

Можно е да е слика од 6 луѓе, дете, луѓе што стојат и надвор

Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови, потенцираше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

– За прв пат Охрид после 20 години ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање на кое покровител е општината, од 15-ти до 18-ти јули, а ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија во сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултати кои во иднина ќе можат да ги користат за добивање стипенди и тајминзи за настапи на европски и светски првенства. Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Меѓународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија Бугарија и Македонија во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит“, потенцира Пецаков.

Можно е да е слика од 5 луѓе и луѓе што стојат

Задоволство од бројката на пријавени деца кои сакаат да ги изучуваат и усовршуваат тајните на пливањето изрази првиот човек на ЈП „Билјанини извори“,Теодор Андоновски. Се фокусиравме на планот за подобрување на условите на градскиот базен „Атина Бојаџи“ знаејќи ја моќта на пливањето во здравиот развој кај децата, а дополнително и моќта која ја има во развојот на туризмот, истакна Андоновски.

– Оваа година започнавме со средување на коритата на двата базени олимпискиот и малиот базен и санација на трибините. За нас квалитетот на водата и безбедноста на нашите корисници во самите базени се главен приоритет. И затоа одлучивме стартот на средувањето на градскиот базен да биде токму од таму. Можеби за некој од нас кога ќе ги гледаме годините наназад и се што се правело или не околу подобрување на условите на базенот ова е голема работа. Верувајте дека за мене и нашата визија ова треба да биде само почетокот кон комплетно реконструирање на целиот комплекс кој е околу нас, рече Андоновски.

Можно е да е слика од базен

Неодамна заврши реконструкцијата на базенот, беа санирани и исфарбани коритата на олимпискиот и детскиот базен, а уредени се и трибините кои беа во распаѓање. Инвестицијата е на општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, а градоначалникот Пецаков за следната година најави и дополнителни инвестиции во уредување на просторот околу базенот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ЈП „Билјанини извори“