Auto Draft

Казни за 17 мотоциклисти од Охрид и 15 од Струга кои не користеле заштитен шлем-кацига

Охрид, 4. јули 2022 (ИНПРЕС) – Казнети 17 мотоциклисти од Охрид и 15 од Струга кои не користеле заштитен шлем-кацига.

– На 3-ти јули од 18:00 до 24:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли. Притоа, полициските службеници регистрирале 45 прекршоци (Охрид-17, Струга-15, Кичево-4, Дебар-9) од кои, најчест е неносење заштитна кацига во текот на управувањето. Апелираме до возачите на мопеди и моторцикли на доследно носење на севкупна заштитна опрема за време на управувањето со мотор и мопед со цел, зголемување на личната безбедност во сообраќајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива