Auto Draft

Македонија ја победи силната Германија

Охрид, 5. јули 2022 (ИНПРЕС) – Македонската репрезентација ја забележа третата победа на 9-то Светско првенство (СП) во шах за слепи и за слабовидни лица во Охрид, откако во шестото, претпоследно коло беше подобра со 2,1-1,5 од силната селекција на Германија.

На првата табла, Жарко Селковски (рејтинг 1.967) сo црни фигури ремизира со Олаф Добиерзин (2.007), Миле Чапанов (1.951) го подели поенот со Франк Шелман (2009), Зоран Костадиновски (1.917) го победи Герт Шулц (1.931), а Санде Атанасов (1.853) ремизира со Герхард Дубала (1.912).

На едно коло до крајот на групната фаза, во групата каде што игра Македонија, води Србија со девет бода (18 поени по табли), а следуваат Шпанија со девет (14), Германија со седум (13), Израел со шест (13), Индија со шест (12), Македонија со шест (10), Италија со пет (10,5) и Хрватска без екипни бодови (5,5). Во последното коло од дуелите по групи, Македонија вчера играше со силната селекција на Шпанија.

Резултати од втората група: Косово – Франција 1-3, Полска – Словенија 3,5-0,5, Романија – Бугарија 2-2, Украина – Унгарија 2-2. Taбела: Полска 11 (19,5), Украина 10 (18), Унгарија девет (13,5), Франција шест (10), Бугарија четири (12), Романија четири (10,5), Словенија два (7), Косово два (5,5).

По седум кола, најдобрите две репрезентации од двете групи одат во полуфиналето. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: Нова Македонија