СДСМ: Охрид, сред туристичка сезона, прашина, машини, кабли, непристапност, тотален хаос

СДСМ: Охрид, сред туристичка сезона, прашина, машини, кабли, непристапност, тотален хаос

Охрид, 6. јули 2022 (ИНПРЕС) – Охрид, сред туристичка сезона… Нервозни охриѓани, запрепастени туристи кои очајно бараат начин да стигнат до езерото. Прашина, машини, кабли, непристапност, тотален хаос, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид.

– Градоначалникот Пецаков ги покажа своите менаџерски способности! Пред граѓаните ветуваше дека до први јуни реконструкцијата ќе биде завршена.. Во низата ветувања, како по навика уште едно нереализирано. За ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков не важи ни забраната за вршење градежни работи во периодот од 1 јули до 31 август, тие се локална власт, според нив правилата се за обичните граѓани. Добредојдовте во Охрид, заборавете на прошетките по кејот и пристаништето, освен ако сте љубители на авантури, лавиринти и адреналин, а за спомените што ќе ги понесете заблагодарете му се на Пецаков. Дуќанџиите, угостителите резидентното население и охриѓани ќе го почекаат наредното лето за непречен пристап на гостите до нивните дуќани, ресторани, канцеларии, домови, стои во дописот.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес