Тешка сообраќајка на улицата „Железничка“, повредени две лица (Фото)

Тешка сообраќајка на улицата „Железничка“, повредени две лица (Фото)

Охрид, 9. јули 2022 (ИНПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода се случила рано утрово на улицата „Железничка“ во Охрид.

Во незгодата во која учествувале две возила, „Фолсваген Пасат“ со охридски и „BMW“ со струшки регистерски таблички, неофицијално се повредени две лица. Едното од возилата удрило во куќа, веднаш до патот.

Од СВР Охрид за InPress го потврдија настанот и најавија повеќе информации во текот на денешниот ден.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес