Охрид, 12. јули 2022 (ИНПРЕС) – Со маички на кои пишуваше НЕ, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на општина Охрид порачаа – НЕ за бугаризацијата на државата.
Нивниот гест е само продолжување на партиските активности во однос на предложените документи од ЕУ. Тие се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ.
извор: ИнПрес фото: архива