ММФ – Мерак Моменти во Форт кафе: Во недела забава со Чупињата и Марио, з`ш меракот е најважен

ММФ – Мерак Моменти во Форт кафе: Во недела забава со Чупињата и Марио, з`ш меракот е најважен

Охрид, 12. јули 2022 (ИНПРЕС) – Другари, како што Ви најавивме, започнуваме со нешто ново. На вашата добро позната локација, под Самуилова тврдина, на отворената тераса, време е за ММФ – „Мерак Моменти во Форт“, порачуваат од охридското Fort Cafe.

– Повелете во недела, на 17-ти јули 2022 година, од 20:00 часот, заедно да уживаме со Чупињата и Марио. Ова лето ќе имаме многу Мерак Моменти во Форт. Подгответе се за комбинација од мерак, преубава музика, вкусна храна и најубав поглед кон најубавиот Охрид. Дојдете и бидете дел од ова врвно искуство за сите сетила. Ви нудиме и супер понуда за опуштена вечер: даска и џин за 4 лица – 1.200 денари, даска и џин за 2 лица – 700 денари, даска за 4 лица и шише џин – 3.000 денари, промотивно, пинк џин и џин „Брукерс“ за само 100 денари. Ќе има 2,5 часа нон стоп музика и дополнителни изненадувања, а за сите обезбедивме и 10% попуст на сите алкохолни пијалоци, потенцираат од Fort Cafe.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот: 078/242-099.

извор: ИнПрес фото/видео: Супер радио/Be 1