Подготовка за асфалтирање на улиците „28 Април” и „Веле Марко“

Подготовка за асфалтирање на улиците „28 Април” и „Веле Марко“

Охрид, 20. јули 2022 (ИНПРЕС) – Започнаа подготвителните активности за асфалтирање на улиците „28 Април” и „Веле Марко“, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

– Денеска се врши гребење на стариот асфалт, тампонирање и нивелирање на шахти. После завршување на овие активности следува поставување на нов слој асфалт, додава Пецаков. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива