Доделени стипендии на охриѓани кои ќе студираат на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Доделени стипендии на охриѓани кои ќе студираат на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Охрид, 21. јули 2022 (ИНПРЕС) – Донесено е решение за доделување на стипендии за додипломски студии на жители на општина Охрид, кои имаат намера да студираат на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

Согласно јавниот повик, предвидено беше доделување на 15 стипендии, а условите сега ги исполниле двајца идни студенти.

Одлуката за стипендирање на студенти е донесена врз основа на склучениот меморандум за соработка меѓу општина Охрид и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес