Missing image

Традиционален фестивал на лица со телесен инвалидитет

Струмица, 9. август 2014 (ИНПРЕС) – Во понеделник, 11-ти август, на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, ќе се одржи Традиционалниот фестивал на лица со телесен инвалидитет.

Годинава фестивалот ќе се одржи во склоп на Струмица Опен фестивал.

На сцената ќе настапуваат околу 10 лица со телесен инвалидитет кои ќе се претстават со стари македонски народни песни. Нив ќе ги придружува оркестар составен од 6 музичари со телесен инвалидитет кои свират кларинет, тапани, гитара, хармоника, клавијатури и тарабука. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива