Се асфалтира улицата „28-ми Април“

Охрид, 22. јули 2022 (ИНПРЕС) – Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево направи увид на градежните работи на улица „28-ми Април“, што денес се асфалтира.

Асфалтен слој се поставува на должина од 550 метри и ширина од 6 метри.

Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши денес.

Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива