Охрид Лихнидос денес игра пријателски меч со Вардар

Охрид, 27. јули 2022 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос денес играат уште еден пријателски натпревар, во рамки на подготовките за новата сезона.

Противник ќе им биде тимот на Вардар, кој тука ќе ја одработи втората фаза од подготовките.

Натпреварот ќе се одигра од 17:30 часот на стадионот Билјанини извори, во формат од две полувремиња по 60 минути.

Во подготвителниот период покрај интензивните тренинзи, фудбалерите на Охрид Лихнидос одиграа две пријателски средби, со Пелистер и Егнатиа од Албанија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива