Охриѓанецот Петар Бошалески дел од македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Измир

Охриѓанецот Петар Бошалески дел од македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Измир

Измир, 29. јули 2022 (ИНПРЕС) – Машката јуниорска репрезентација на Македонија е во Турција, каде до 7-ми август ќе учествува на Европско првенство за кошаркари до 18 години, Дивизија А, што се одржува во Измир.

Селекторот Тони Симиќ ги одбра 12-те кошаркари кои ќе ги бранат боите на Македонија, а меѓу нив е и охриѓанецот Петар Бошалески.

Можно е да е слика од 1 лице, топка и внатре

Македонија е сместена во групата А, заедно со соодветните национални селекции на Израел, Франција и Велика Британија.

Јуниорите заминаа за Турција

Распоред на натпревари

30.07.2022 (сабота)
Израел – МАКЕДОНИЈА
Почеток 15:00 часот

31.07.2022 (недела)
МАКЕДОНИЈА – Франција
Почеток 12:45 часот

01.08.2022 (понеделник)
МАКЕДОНИЈА – Велика Британија
Почеток 12:45 часот (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива