Вечерва промоција на лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“

Охрид, 1. август 2022 (ИНПРЕС) – Вечерва во Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ од 20:00 часот ќе се одржи промоција на лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов.

Во Лексиконот на речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во Македонија во периодот помеѓу 1850 и 1950 година. Овие ликовни дела: акварели, бакрорези, цртежи, графики, илустрации, се инспирирани од луѓето, градовите, пејзажите, обичаите или од историските настани кои се случиле во Македонија, во втората половина на 19 и првата половина на 20 век, велат авторите.

Можно е да е слика од книга и текст кој вели „промоција на лексиконот слики од странски сликари BO македонила BO периодот 1850-1950 година 1 август 2022 во 20:00 часот „кука на уранија" ману, охрид изложба на слики слики од странски сликари BO македонила BO периодот 1850-1950 година оригинални уметнички дела од приватната колекција на влатко милошевски август 18:00-21:00 „кука на уранија" ману, охрид“

Во рамки на промоцијата на лексиконот, ќе се одржи и изложба на слики од приватната колекција Влатко Милошевски. Изложбата ќе биде поставена до 5-ти август и ќе може да се погледне во периодот од 18:00 до 21:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива