Охрид, 1. август 2022 (ИНПРЕС) – Со повеќе настани и свечености, општина Охрид ќе го одбележи 2-ри август, Денот на Републиката.
Вечерва во 19:00 часот во селото Велгошти ќе биде пложено цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците, ќе се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, а предвидена е и културно – уметничка програма.
Утре од 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во градскиот парк, аод 10:20 часот кај Прентов мост. Во селото Плаќе од 10:30 часот ќе се одржи историски час како и културно – уметничка програма. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес