Иванова: За скоро почнувам со настапи во живо, ќе има уште многу нови песни, во подготовка е и мојот деби албум

Иванова: За скоро почнувам со настапи во живо, ќе има уште многу нови песни, во подготовка е и мојот деби албум

Охрид, 1. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младата и талентирана Лара Иванова е дел од свежиот бран на македонската музичка сцена. За првпат ја запознавме на „Макфест“ во 2019 година со песната „Кој те учи така“.

За кратко време стекна огромна популарност, нејзините теми се вртени по радиостаниците, а со темата „Flower of Sorrow“ беше и во трка за македонски претставник на годинашниот Избор за Песна на Евровизија. За досегашното присуство на домашната поп сцена, но и за плановите и амбициите во иднина со Лара поразговаравме во студиото на Супер радио.

Супер радио: За старт Лара кажи ни за твоите почетоци, влезот на домашната поп сцена.

Иванова: Правата песна ми беша на „Макфест“ 2019 година, насловена „Кој те учи така“ заедно со продуцентот Иле Спасев. Тој ми ја понуди песната, прифатив, од секогаш тоа ми било животна желба да почнам со моја музичка кариера, затоа што како мала почнав да пеам на „Супер ѕвезда“, по детски фетсивали, потоа училишни натпревари, меѓутоа тоа не беше сериозно.Почнав нижо музичко па ете така тоа се моите почетоци. Меѓутоа кариерата започна во 2019 година.

Супер радио: Се редат хитови во твојата музичка датотека, а беше и во трка за наш претставник за Евровизија. Дали можеби за догодина повторно би се пријавила?

Иванова: Зошто да не. Се пријавив бидејќи тоа беше моја желба, слушнав дека има конкурс, имавме песна и рековме зошто да не ја пријавиме. Песната влезе во шесте избрани и тука почна таа трка, меѓутоа навистина беше многу убаво искуство за мене, бидејќи досега не сум се натпреварувала на тој начин, интересно беше, многу луѓе дознаа за мене во Македонија, песната беше слушана, исто така се спријателив со сите останати кои конкурираа и навистина за мене беше едно убаво искуство. И дефинитивно повторно би се пријавила, сега не знам која година, но доколку има прилика, би сакала.

Супер радио: Најново од твојата музичка кујна е темата „Јас против целиот свет“, дует со Роберт Билбилов. Како дојдовте до идеја за заедничка соработка?

Иванова: Откако се запознавме со Роберт Билбилов почнавме да работиме во неговото студио и преслушувавме некои демоа за моја песна, меѓутоа стигнавме до „Јас против целиот свет“, тогаш беше демо без текст и звучеше многу интересно. Како почнавме да пееме ни се склопија некако гласовите, убаво се поклопија, баш бојата на гласот ми одговара со галсот на Роберт Билбилов и рековме да се обидеме со дует, зошто да не биде нашата прва соработка дует. Почнавме да ја работиме меѓутоа помина некое време, двајцата работевме на наши посебни проекти, но песната веќе ја имавме, дилемата беше кога да ја извадиме. Сега е лето, песната е подинамична, мислам дека одговара баш за овој период. Навистима мислам дека одлично се поклопи сé, ми беше голема желба да работам со Роберт Билбилов, а камо ли да имам дует со него, сите знаеме колкава ѕвезда е и колку изминат труд песни, хитови има зад себе.

Супер радио: Темата дојде заедно со видео запис, детали околу тоа и колку си задоволна досега како поминува песната?

Иванова: Презадоволна сум. Видеото го снимивме со Ѓорѓи Вацев, со кого веќе имам соработка за две песни, ги снимавме спотовите за „Само сврти се“ и „Ремек дело“. Тој е многу лесен за работа, ми се допаѓа на кој начин размислува, секогаш дава нови идеи и сега го предложив него, Роберт се согласи. Јас тука ја вклучив мојата друга страна, тоа е балетот и одлично ги склопивме. Спотот се снимаше во Галичник, на чистина, идејата ни беше преку спотот да се почувствува нашата емоција. Малку игравме со светлата, за подобра визуелизација.

Супер радио: Покрај музиката, твоја голема љубов е и балетот.

Иванова: Токму така. Имам кажано дека секаде каде ќе можам преку музиката да гледам да го спојам и балетот, тоа ми е идејата што сакам во иднина да ја правам. Балетот и музиката ми се подеднакво важни, уште од мала сум научена така, паралелно одев и во нижо музичко и во нижо балетско училиште и некако не можев да се одвојам ни од едно ни од друго. Искрено и во иднина би продолжила со истото размислување, се надевам дека ќе можам тоа да го направам, мислам дека имам можност.

Супер радио: Освен со песните, како ја одржуваш комуникацијата со публиката, тука секако се и социјалните мрежи?

Иванова: Од социјалните мрежи, најактивна сум на Инстаграм, се трудам кога некој ќе ми напише нешто, доколку ми побара совет, да му кажам, отворена сум за дружба, обожавателите да ме запознаат. Исто така многу скам да почна со повеќе настапи и така мислам дека можам да бидам најблиска со мојата публика, можам да создадам поголем круг луѓе кои ќе ме слушаат. Сакам да завршам со средното училиште, па да се посветам целосно на музика, да работам и да се градам, да бидам стабилна за работите што сакам во иднина да ги направам.

Супер радио: Период е на летни одмори. Како Лара го поминува летото и плановите, настапи и дали се работи на нов материјал?

Иванова: Работам на повеќе проекти, песни ќе има уште многу, во план е и албумот, за скоро ќе го завршам. Исто така веќе почнав со мој бенд, правиме проби и осмислувам како би сакала да изгледа мојот настап, така што за брзо време планирам да почнам со настапи во живо, да се зближам со мојата публика. Би размислила и за учество на фестивали и други натпреварувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес/Be1