Охрид, 3. август 2022 (ИНПРЕС) – На 1. август 2022 година, во 23:50 часот, во СВР Охрид приведен е 35-годишниот А.М. од селото Лешани, Општина Дебрца.
– Тој претходно, во близина на угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон гостите и случајните минувачи. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид фото: архива