Од 16-ти до 20-ти август јубилејно 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Од 16-ти до 20-ти август јубилејно 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Струга, 3. август 2022 (ИНПРЕС) – Од 16-ти до 20-ти август во Струга ќе се одржи јубилејното 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Учество ќе земат осум екипи. Свеченото отворање ќе биде на 16-ти август, од 20:40 часот. Натпреварите ќе се играат на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“.

Можно е да е слика од текст

Домаќините се во групата А, заедно со АЕК Атина, Татран Прешов и Еурофарм Пелистер. Во групата Б се ланскиот освојувач на титулата на турнирот Вардар, Бутел, Целје и Алкалоид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива