В петок изложба на охриѓанецот Сашо Блажес, Мирко Вујисиќ и Лидија Вујисиќ

В петок изложба на охриѓанецот Сашо Блажес, Мирко Вујисиќ и Лидија Вујисиќ

Охрид, 3. август 2022 (ИНПРЕС) – В петок, од 20:00 часот во галеријата во Куќата на Робевци, ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Остров на осаменост“ од авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес.

На изложбата ќе бидат изложени околу 40- на дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.

May be an illustration of one or more people and people standing

May be art

Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата помеѓу реалноста и фикцијата, граница која се искусува во самите нас денес. Земајќи го цртежот како концептуален базичен инструмент за истражување во непознати зони или за редефинирање на еден визуелен универзум, изложбата просторно отсликува една состојба на контрасти помеѓу ред и неред, несигурност и смиреност, мир и немир.

Учесниците репрезентираат една посебна дирекција во поглед на визуелната креација, секој од нив држејќи ги под притисок границите помеѓу видливото и невидливото, цртеж-сцена,цртеж-печат, цртеж-релјеф, цртеж-колаж, варијации со кои се поместени границите на една нова реалност. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива