Auto Draft

178 нови случаи на Covid-19, 10 новозаболени и 19 оздравени лица од Охрид

Скопје, 3. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 1.238 тестови, при што се регистрирани 178 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 101
• Прилеп 11
• Охрид 10
• Кавдарци 10
• Гостивар 10
• Струга 8
• Тетово 7
• Битола 5
• Неготино 5
• Кочани 3
• Струмица 2 и
• Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар по 1

Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.

Регистрирани сe 592 оздравени пациенти од: Скопје – 259, Битола – 42, Куманово – 34, Прилеп – 32, Велес – 31, Кавадарци – 30, Тетово – 29, Штип – 20, Охрид – 19, Гостивар – 17, Кичево – 12, Струмица – 11, Неготино – 10, Гевгелија – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Крива Паланка и Валандово – по 4, Ресен и Берово – по 3, Струга, Кратово и Дојран – по 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72 г и 60 г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Битола (67 г) и од Струга (65 г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116(Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство