Денеска обука за заштита, зачувување и можности за зелени бизниси во Белчишкото блато

Денеска обука за заштита, зачувување и можности за зелени бизниси во Белчишкото блато

Дебрца, 4. август 2022 (ИНПРЕС) – Денеска од 11:00 часот во просториите на општина Дебрца ќе сеодржи обука во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“.

Воведни обраќања ќе имаат Ѓоко Зороски од Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески. Презентација на наодите од истражувањето на рибната фауна од Белчишко Блато (2020-2021 година) во рамките на проектот, како и за закани за рибната фауна и предлог мерки за зачувување и заштита на рибната фауна од Белчишко Блато ќе зборува проф. д-р Трајче Талевски, од Хидробиолошкиот Институт. За можностите за зелени бизниси ќе говори Сашко Тодоров, дипломиран биолог.

Обука за заштита, зачувување и можности за зелени бизниси во Белчишкото блато

Обуката е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, што започна на 1-ви јуни 2020 година и ќе трае до 31-ви август годинава. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива