На граничните премини за влез и излез се чека до еден час

На граничните премини за влез и излез се чека до еден час

Скопје, 4. август 2022 (ИНПРЕС) – Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ).

На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е од 40 до 60 минути. На „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива