На ФТУ има место за 347 бруцоши, првиот уписен рок на 29-ти и 30-ти август

Охрид, 4. август 2022 (ИНПРЕС) – На 29-ти и 30-ти август ќе се спроведе првиот уписен рок во високообразовните установи.

На охридскиот Факултет за туризам и угостителство може да се запишат 347 нови бруцоши, за 40-на помалку од лани.

Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе се запишат вкупно 170, редовни со кофинансирање од 400 евра – 111, а има место и за 66 вонредни студенти, со партиципација од 400 евра.

Идните академски граѓани може да избираат меѓу студиските програми за туризам, каде има 80 слободни места, осигурување 63, царина и шпедиција 68, за менаџмент во услужен сектор со четири профили (финансиски, промотивен менаџмент, менаџмент во култура и логистички менаџмент) предвидени се 48 места, на гастрономија 24, а на хотелско-ресторански менаџмет може да се запишат 32 средношколци.

И оваа академска година ќе бидат активни студиските програми на англиски јазик, на насоките туризам и царина и шпедиција, а ќе може да се запишат по 16 студенти.

Доколку не се попопнат квотите, вториот уписен рок е на 14-ти и 15-ти септември, а третиот на 26-ти септември. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес