Промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“

Охрид, 4. август 2022 (ИНПРЕС) – В сабота, 6-ти август, во КИЦ „Култура 365“ во Охрид ќе биде одржана промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“, од група автори.

Станува збор за збирка од 26 раскази од 17 автори, кои ја споделуваат со читателот интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот Covid-19. Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаи, едно дело кое по години би се читало како сведоштво на ова тешко време на пандемија.

Можно е да е слика од очила и текст

Книгата беше издадена минатата година, но поради тогашните протоколи, беше промовирана он-лајн.

Почетокот на промоцијата е во 19:30 часот, а промотори ќе бидат Лилјана Пандева и Мерсиха Исмајлоска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива