Од полноќ ново намалување на цените на горивата

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

Скопје/Охрид, 25. јули 2022 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ ново намалување на цените на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за два денари, на Еуродизел (Д-Е V) за 2,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 3 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се менува.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,50 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 96 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 91 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 53,343 денари/килограм. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива