Промоција на книгата со песни „Цвеќе за цветот“ од Сашо Бетоски утревечер во Вевчани

Промоција на книгата со песни „Цвеќе за цветот“ од Сашо Бетоски утревечер во Вевчани

Вевчани, 5. август 2022 (ИНПРЕС) – Во рамките на десеттото издание на Вевчанското културно лето „Вевкул 2022“, утревечер ќе биде промовирана новата книга со песни „Цвеќе за цветот“ од писателот, сатиричар и афористичар Сашо Бетоски.

– Сум сретнал многу цветови. Едните пленат со својата големина, а другите со својот мирис. Ти беше нивниот спој, пишува авторот Бетоски во „Цвеќе за цветот“.

Промоцијата ќе се одржи во црквата „Св. Никола“ во Вевчани од 19:00 часот, а покрај авторот, учесници ќе бидат и Исидора Бетоска и Мишо Китаноски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива