Охрид, 5. август 2022 (ИНПРЕС) – Најчести форми на хепатитис во Македонија се хроничен Б и Ц, сега се дискутира околу тоа дали има развој и на хепатит Д, се прави напор да се направат скрининг програми каде ќе се има увид и во таа бројка.
Охриѓани и туристите денеска се едуцираа за болестите на црниот дроб, а можеа да направат и бесплатен тест за хроничен хепатитис Б, Ц и ХИВ на градскиот плоштад во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на хепатитот, организирано од „Хепар центар“ од Битола во соработка со Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид
Над 50 до 60 илјади граѓани во Македонија можно е да се заразени со хепатитис Б и Ц. Црнодробниот карцином од друга страна е еден од најпревентабилните, а бројките за жал не го покажуваат тоа. На светско ниво смртноста во време на ковид пандемија се искачи на трето место. Зборуваме за нешто што е превентабилно, а е толку опасно. Апел до министерство за здравство да се вклучи терпијата за хроничен хепатитис Б која моментално недостига во нашата земја, потенцира Милан Мишковиќ од „Хепар центар“ Битола.
– Апел до министерство за здравство да се вклучи терпијата за хроничен Хепатитис Б која моментално недостига во нашата земја. Оваа терапија не е на позитивна листа, бараме да се стави, ако не успееме замолуваме да се излезе во пресрет барем за тие групи пациенти кои имаат веќе во понапредна фаза развена цирзоа или отштетување на црн дроб за да можат да примаат терапија и да поченеме барем со некои условни буџети. Терпијата е евтина. Од друга страна за прв пат влеговме во програма за малигни заболувања за 2022 година благодарност до Владата и луѓе од министерството кои се вклучија и на самата Клиника за гастроентерохепатологија, која реши овој центар за црнодробни болести да биде стационирана во клиниката. Моменатлно се работи да биде отворен што е можно побрзо, се надеваме дека ќе добие најсовремени апарати овој центар и од октомври, ноември ќе почнe да функционира со мултидисциплинарен пристап, со специјалисти од повеќе области, истакна Мишковиќ.
Моментално на клиниките за гастроентерохепатологија и инфективна има терапија за хепатитис Ц.
– Терапијата од условен буџет преминува во редовебн буџет на двете централни клиники за гастроентерохепатологија и инфективна. Ситуацијата е далеку од идеална, треба зголемување во иднина но важно е дека имаме одредени чекори каде веќе се примаат пациенти, добиваат терапија и се лекуваат, тоа е многу важно за нас. Во наредниот период имаме можност за прв пат во нашата земја да анулираме голем број пациенти со Хепатитис Ц, ако добијат соодветна терапија за Б, драстично ќе се намалу бројот на лица со црнодробен карцином. Апел до граѓаните што повеќе да работиме на подгнување на свесноста, шт о повеќе луѓе да се тестираат и што повеќе луѓе бидат испратени на лекување, додава Мишковиќ.
Заинтересираните тест за хепатитис може да направат во Институтите за јавно здравје, во микробиолошките лаборатории во поголемите градови а и во клиниките во Скопје, резултати се добиваат за кратко време, по што може да се почне процедура, ако се работи за хепатит Ц дури и за лекување, зависно од оштетувањето.
Тема на годинешниот настан за одбележување на Светскиот ден на хепатитисот е „I Can’t Wait’ WE Cant Wait, Hep Cant Wait“. Речиси 3.000 луѓе во светот секојдневно умираат од хепатитис Б и Ц, односно, еден човек го губи животот од оваа болест на секои 30 секунди. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес