Охрид, 10. август 2022 (ИНПРЕС) – Пожарот кај селото Вапила и утрово е активен на потегот кон селото Сирула.
Од Центарот за управување со кризи синоќа информираа дека станува збор за карпест предел со ниска вегетација и дека теренот е непристапен.
– Кај селата Вапила и Сирула гори борова дабова шума и ниска вегетација. Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ Охрид со 3 пожарникари и 3 лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
извор: ДЗС фото: Охрид 1